На google trnaslate напишете на македонски СВЕТОТ НА МАЈКАТА и преведете го на HINDI (индиски) и слушнете што ќе ви каже
СТЕРИЛНО СЕМЕ

Дали Франкенштајн храната ќе го спаси светот? НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ
Тоа е една од најголемите лаги на денешницата, а сето тоа се прави, за што друго ако не за профит.
До пред десетина години храната генетски се подобруваше, но се подобруваше мешајки гени од иста сорта за да се искористат добрите карактеристики во самата сорта. На пример се мешаа две сорти на патлиџан, во светот на човекот тоа би значело да се смешаат европеец со азијат.
Денес веќе тоа не е случај. Храната, попрецизно растенијата се модификуваат мешајки гени од секаков вид за кои што никој жив не знае какви се последици ќе има по човештвото и планетата земја воопшто.

Но да прејдеме конкретно, какви се мутации се прават и каде е профиотот во тоа.
Денес постојат сорти на патлиџани кои во себе имаат гени на риба, за да не штети мразот на патлиџанот. Вакви сорти има безброј, ќе треба сами да ги најдете на нет.
Мегутоа онаму каде што е најголем профитот, тука се направени “најубавите“ работи, па така во некои растенија се ставени гени кои произведуваат токсини за да бидат отпорни на штетници. А некои растенија имаат гени за да бидат отпорни на пестициди.

Еве на горната слика е прикажано како се брани самото растение. Црвчето ако дојде да касне од растението ќе си умре. Навидум супер, ќе биде плодна годината. Да не заборавиме, тоа треба ние да го јадеме. Ако умира црвчето од едно каснување, што е тогаш со нас?
Црвчето е мало и таа доза веднаш го убива, а нас секојдневните мали дози ќе не’ распагаат долго и споро. Всушност ние не сме важни, важно е да се произведе повеќе

Онаа другата категорија која е отпорна на пестициди, ќе си расне слободно на чиста земја без коров и инсекти и ќе нарасне до бесконечност, бидејки нема конкуренција на истата земја. Мегутоа ќе биде попрскана до бескрај од препарати како на подолнава слика. Зошто ли фармеров носи заштитна маска? Па нели не се опасни средствата за прскање

Отровот Ласо, од една од водечките агро-компании во светот МОНСАНТО ![]()
Одете на интернет и видете што се пишува за овааа компанија и како ги откупува сите помали агро компании во светот и кој е најголем поборник за Кодексот Алиментариус (наводно критериуми за здрава храна)
Па така компаниите ќе ни продаваат ГМО семе за кое потоа и ќе ни продаваат пестициди, а на крајот ќе добиеме ист производ, само многу отровен и некој профитирал дебело
Каде доага валканата игра.
Доколку решите да одгледувате НЕ-ГМО семе, којзнае дали ќе успеете, бидејки вашиот сосед ќе земе такво и тие по пат на поленизација ќе се смешаат. Догодина и вашето семе е веќе ГМО ![]()
А ако се спротивставувате и имате огромни посеви, па успевате да немате контакт со ГМО семето, преку ноќ ќе помине некој платеник на гиганските компании и ќе ви расфрла ГМО семе низ посевите, доволно е 10 кг, тоа ќе се смеша и вашиот производ догодина ќе даде ГМО семе ![]()
Ова не е зборување на памет, вакви работи веќе се случуваат низ светот.
Ќе кажеме, добро де, ГМО ГМО, тоа е тоа. Но тоа семе носи ген кој одава токсини, бара препарати кои мора да ги купите, а во исто време се труете и себе и народот

На крајот ќе се протне како заштитна мерка ТЕРМИНАТОР семето, демек да не се мешаат природните сорти со ГМО семето. ТЕРМИНАТОР семето е дизајнирано стерилно растение. Нема способност да се размножува. Тоа значи, насадениот посев со стерилното семе ќе даде плод, но плодот не може да се употреби како семенски материјал догодина. Уште еден пример: Имате стерилно семе од патлиџан, го садите семето и добивате плод патлиџан. Од семките на новиот патлиџан не можете да направите нов расад. Ме следите ли каде води играва ?

На мала врата ќе го протнат ТЕРМИНАТОР семето или стерилното семе. Со тоа ќе станеме зависни секоја година да купуваме ново семе за да произведуваме храна. Значи ќе станеме зависни од приватни компани кои ќе можат да ни прават што сакаат. Па ќе следи она на долната слика

Ќе мораме да го чуваме нашето старо семе какао капка на дланка. Најверојатно во некоја поцрна варијанта и со оружје ќе треба да се брани, се надеваме нема да додје до тоа.
Растенијата кои произведуваат токсини се многу опасна рабтоа, порај што не’ трујат нас, ги трујат и оние кои го помагаат размножувањето на истите – пчелите и останатите инсекти. Па така се повеќе ќе има заложби за спас на пчелите, бидејки ако нив ги снема, ќе не снема и нас.
Последниве години се повеќе и повеќе има исчезнати пчелни семејства.

Се надеваме дека ваквото знакче ќе биде се повеќе пропагирано.
И дека нема да се дозволи ГМО семето да прерасне во основно семе.

Во Европа ГМО семето е забрането со закон, но до кога ќе биде тоа не се знае. Во мегувреме влегуваат енормни количини на ГМО житни култури за прехрана на животинските фарми, а од тука отровните зрна ги трујат нашите животински фарми.
Да не заборавиме дека и во Германија се појави ДИОКСИНОТ во сточната храна. Значи законот не е толку строг и платеници намерно расфрлаат ГМО семе за да се смеша со базичното НЕ-ГМО семе.
Никој не може да е сигурен дека од увезените ГМО житарки за прехрана на стоката, дел не завршил за семенски материјал.

Може само да се надеваме дека разумот ќе надвладее над профитот.
Во склоп на овој пост требаше да спомнеме повеќе и за Кодекс Алиментариус и за неговите стандарди, мегутоа самите побарајте на нет за неговите црни нехумани стандарди ![]()
Кодексот предвидува забрана за продажба на лековити растенија као чаеви и сл. Сите витамини исклучиво ќе се земаат преку фармацевтските производи.Не ги брајте веќе витамините во овошјето, тоа ќе биде озрачено
Мене не ми личи сјајно, а ВАС?
ДРУГИТЕ МИ РЕКОА….